Метеоролозите најавуваат вистинска зима вечерва

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места и планините со повремен снег. Врнежите се повеќе застапени во западните подрачја, така снежните врнежи на планините се со повремено умерен интензитет. Дуваше умерен северен ветер, особено долж Повардарието, Штипскиот регион како и скопското подрачје каде ветерот на моменти достигнуваше брзина до 50 км/час.  

Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се задржи облачно и постудено време, а врнежите од дожд постепено ќе поминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места во северните и западните подрачја и повремено ќе имаат умерен интензитет. На повисоките места и планините  врнежите од снег ќе бидат поинтензивни и се очекува да нават нови 20 цм снег, па и повеќе на повисоките планини. Ќе дува повремено умерен северен ветер.  

Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта постепено ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

 

Утре врнежите ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интезитет, поради што во западните делови на планините над 1000м н.в. ќе има натамошно зголемување на снежната покривка. Во среда локални врнежи од снег ќе има само во претпладневните часови, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Од четврток следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бележат значителен пораст.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега