Иван си ја отвори душата: Да не направев глупост Жаклина уште ќе беше жива

Навистина се чуствувам виновен што не го пријавив тој монстум во полиција, да го пријавев Жаклина се уште ќе беше жива. Вака раскажува поранешното момче на убиената Жаклина од Србија, Иван Грујиќ.

- Кога ја запознав имав друга девојка, но многу ми се допадна. Бевме во врска еден месец, но раскинавме бидејќи се оженив со друга. Тој брак траеше неколку месеци, па ја п0обарав Жаклина. Дознав дека се омажила за Стеван, но за мој инает, вели тој за српскиот Курир.

Тој се изненадил кога пред две години добил повик од сега убиената. Му  рекла дека Стеван ја малтретира и тепа и не може да издржи. Ја видел со страшни модринки по телото.

- Ја молев да одиме во странство заедно со децата, но се плашеше и не се согласи. И беше страв од насилникот со кој живееше, додава Иван.

Кога љубоморниот Стеван го викнал да се видат, Иван му кажал дека не е со неговата сопруга и дека немал секс со неа, но не му поверувал. 

За потсетување, насилникот ја претепа Жаклина, а таа почина од тоа што органите и експлодирале од насилните удари. На монструмот рацете му беа модри од тоа што крвнички ја тепал сопругата.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега