Александра Настеска една од најистакнатите имигранти во Канада

Македонската преставничка за Монтреал, Александра Настеска, активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013. Наградата, информираат од ОМД, чии добитници ги бираат граѓаните, ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите имигранти. Настеска е првата Македонка која ја добила оваа престижна награда.

-Чест ми е и привилегирана сум да бидам еден од овие топ 25 канадски имигранти.  Навистина сум изненадена и мошне возбудена да ја споделам оваа вест со моето семејство и пријатели. Да се биде победник, рамо до рамо со извонредни луѓе кои оствариле огромен придонес за Канада, како на пример професорот и автор на книгата Јас нема да мразам, д-р. Изелдин Абјулеш, номиниран за Нобелова награда, НБА кошаркарската ѕвезда Стив Неш и судијата Мајкл Тулок помеѓу другите, ви дава огромно чувство на успех, вели Настеска.

Настеска вели дека се надева дека оваа победа ќе придонесе кон зголемување на видливоста на Македонците во Канада и воедно ќе ја демонстрира способноста и посветеноста кон понатамошно унапредување на Канада во земја која ги почитува и слави различностите."

 На Настеска, која беше една од 600-те номинирани и една од 75-те финалисити, наградата и беше врачена во четвртокот на церемонија во Торонто, хостирана од страна на Нил Коксал, познат новинар и водител на канадски вести. На настанот беа присутни и претставници на ОМД од Канада, како и канадско-македонските медиуми.  

 Помеѓу останатите добитници на наградата за оваа година се и Стив Гупта, хотелиер и хуманитарец, Мамдух Шукри, претседателот на универзитетот во Јорк и д-р. Индира Самаресекера, претседател и про-ректор на универзитетот во Алберта. Признанието се доделува за значајни и инспиративни достигнувања на канадски имигранти од цела Канада.

ФОТО: Gordan Dumka

најчитано сега