Босанец со својата љубовна приказна ја крена Америка на нозе

Дино Дедиќ од Босна е човекот кој ја крена Америка на нозе.

Босанецот ја споделил својата емотивна приказна со илјадници луѓе ширум светот преку популарната страница на Фејсбук „Humans of New York“.

Тој во своето трогателно писмо навел дека ја запознал девојката Гохе од Етиопија за време на неговото студирање и заедно поминале 4 години. Се надевале дека по дипломирањето ќе пронајдат работа, ќе се вработат и заедно ќе останат во САД, но за жал Гохе пронашла работа, а Дино не успеал во тоа.

– Испратив околу 150 или 200 апликации за работа. Имав 35 разговори, а на четвртиот или петтиот разговор стигнав до третиот круг во потесен избор на кандидати. Но мислам дека мојата ситуација со визата секојпат ми ги уништуваше шансите да пронајдам работа. Не можам да ја поканам Гохе во Босна. Таму за нас нема никакви шанси – напишал Дино во својата емотивна исповест.

Дино навел дека со оглед на тоа што се враќа во БиХ, се раздвоиле со девојката за полесно да ја поднесат разделбата.

– Кога би можел, само би и рекол дека ја сакам – напишало ова момче од Босна.

Во коментарите е оставен и неговиот имејл од кој се дознава дека станува збор за Дино Дедиќ и дека студирал економија, и илјадници луѓе ширум светот му дале поддршка. Приказната на Фејсбук беше објавена пред неколку дена и наведено е дека момчето ќе биде таму уште неколку дена, па многумина му дале совети а други дури му понудиле работа за да може да остане во САД и да биде заедно со неговата љубов.

 

За жал неговата приказна на интернет била објавена со задоцнување и Дино  веќе се вратил во Босна. 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега