"Жаклина трпеше тортура, со месеци беше заклучена дома и тепана"

Жаклина Којиќ, сопругата од Србија која беше претепана, трпела вистинска тортура со месеци во својот дом. СПоред најновите податоци на српскиот Курир, нејзиниот сопруг Стеван кон неа се однесувал многу грубо поради љубомора, ја тепал и ја држел заклучена во нивната семејна куќа.

Соседите велат дека жената била несреќна бидејќи Стеван поради љубомората се иживувал врз неа.

- Ја тепаша и додека беше бремена. Не и дозволуваше да има мобилен и ја заклучуваше дома. Се сомневаше дека го изневерува со поранешното момче Иван, велат тие и додаваат дека се сомневал дека децата не се негови туку токму на поранешниот љубовник на Жаклина.

Според зборовите на соседите, Жаклина била прекрасна и пожртвувана мајка. Иако докажала дека Стеван е татко на децата, тоа не го спречило да ја убие.

За потсетување, таа беше претепана до смрт во нивната семејна куќа. На монструмот кој го призна делото, рацете му биле модри од што ја удирал својата сопруга, која за жал почина откако и пукнаа внатрешните органи.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега