Косово и Албанија ќе се обединат или во ЕУ или на класичен начин

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека неговата земја и Косово „ќе се обединат на класичен начин“, доколку ЕУ не ги отвори вратите за евроинтеграција на Косово и визна либерализација, пишува МИА.

Во заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за приштинската телевизија „Клан Косово“, Рама изјави дека обединувањето на Косово и Албанија има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ.

 

Тој истакна дека „прво е обединување во ЕУ, но ако Унијата продолжи да ги затвора вратите за интеграција на Косово, тогаш двете држави ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“.

Осврнувајќи се на изјавата на албанскиот премиер, Тачи нагласи дека Рама воопшто не упатил закана до ЕУ, туку станува збор за реалност која може да се оствари во иднина како резултат на изолација на Косово од Унијата.

Од друга страна, српскиот премиер Александар Вучиќ, како реакција на изјавата на Рама, порача дека Косово и Албанија никогаш нема да се обединат.

 

- Му ветувам на премиерот Рама дека Косово и Албанија, како што вели тој на класичен начин, никогаш нема да се обединат. Затоа ги молам албанските лидери да престанат со натамошно предизвикување нестабилност во регионот, напиша Вучиќ на Твитер.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега