Заев удри против граѓаните - ги потцени и навреди!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соочен со разобличувањето на своето сценарио и низата кривични пријави против него, „удри“ по граѓаните.

Заев ќе ги тужи потписниците на Иницијативата за велепредавство, поради “лажно пријавување“.

Во изјава за порталот А1он, тој вели дека за да се спаси себеси, врвот на ВМРО-ДПМНЕ ги турка граѓаните во кривични дела со тоа што бара од нив да се потпишат на иницијативата за велепредавство.

На овој начин, вели тој, граѓаните прават кривично дело за лажно пријавување.

Заев истакнува дека го почитува правото на политичко дејствување, но додава дека за да се заштити себе ќе ја разгледа можноста во иднина да поднесе кривични пријави против потписниците на Иницијативата.

- Неколку поединци се обидуваат да ја заштитат својата кожа така што ќе турнат огромен број на граѓаните во кривично дело, вели Заев за А1он.

Лидерот на СДСМ вели дека опозицијата ги има на располагање само своите аргументи и права.

Во случајот со обелоденувањето на прислушуваните разговори, со кои се открива можен криминал во највисоките структури на власта, Заев претставува “дошепнувач“,или  “свиркач“  кој треба да биде заштитен од надлежните институции, а неговите информации да бидат сериозно испитани од Јавното обвинителство и од Антикорупциска комисија, пишува порталот.

Вчера беше првиот ден од отворањето на иницијативата со која граѓаниоте бараат Заев да биде прогласен за велепредавник. Граѓаните во редици чекаа да го стават својот потпис.

Иницијативата продолжува и денес и утре, а пауза ќе се прави за Велигден. Потоа, од понеделник, граѓаните од поголемите општини и градови ќе имаат можност да ја поддржат оваа иницијатива.

Заев им се закани на сите оние кои го осудуваат неговото однесување, потценувајќи и навредувајќи ги граѓаните на Република Македонија кои нема да дозволат на земјата да и се случи велепредавство.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега