Кавадарчани вечерва ќе побараат Заев да биде прогласен за велепредавник

Во 18 часот денес во Кавадарци граѓаните ќе ја потпишуваат граѓанска иницијатива за поведување на постапка за одговорност за велепредавство на Зоран Заев.

Иницијативата започна вчера во скопската населба Автокоманда. Голем број на граѓани во редици чекаа да го стават својот потпис на листите преку кои бараат Заев да биде прогласен за велепредавник.

Граѓанската иницијатива вчера ја најави аналитичарот Александар Пандов кој е дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

-Веќе два месеци сме сведоци како господинот Заев на најнизок начин го бербати угледот на Македонија, а со самото тоа и угледот на граѓаните од секоја етничка припадност. како капак на се беше минатонеделниот чин на оддавање на државна тајна со што на најдиректен начин ги загрози безбедносните структури кои се занимаваат со едно најчувствително прашање, односно се борат против најлошите криминалци. Покрај што го наруши безбедносниот систем на државата, Заев секојдневно, со секој свој настап се обидува да ги урниса сите институции како и комплетниот систем на државата, рече Пандов.

ГДОМ продолжува со оваа иницијатива и собирање на потписи.

 Неколку дена оваа акција нема да се реализира поради големиот христијански празник Велигден. Од следниот понеделник секој ден ќе се посетуваат сите поголеми општини и градови во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега