Заев: Не сум адвокат но не сум слушнал за ваков поткуп

Заев го заврши својот исказ за случајот поткуп од 200.000 евра но не сакаше да открие што кажал во своја одбрана пред обвинителите за организиран криминал. И натаму тврди дека предметот е смешен бидејќи не земал пари иако законот предвидува одговорност из а барање и за нудење поткуп па дури и за непријавување на ваква понуда.

„ Не сум адвокат, но од моите адвокати знам дека процес во кој нема пари никаде во Македонија досега не се водел. Прво истражните органи ги покажувале парите или доброто, но чуден е овој процес со оглед на политичките ситуации во земјава. Ќе дојде време кога вистината и ќе исплива на виделина се, па и за процесот со Заев“, рече Зоран Заев пред зградата на обвинителството.

Полицијата го сомничи Заев за побаран поткуп од струмички бизнисмен. Иако не ги примил парите, полицијата тврди дека поседува докази кои недвосмислено ќе покажат дека Заев како градоначалник побарал поткуп за да овозможи приватизација на градежно изградено земјиште. Кривичниот законик предвидува одговорност за барање поткуп.

 Во четврток се очекува лидерот на СДСМ да започне со давање исказ и за случајот Пуч каде се јавува како четвртоосомничен. Исказ веќе даде екс разузнавачот Зоран Верушевски.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега