По 6 години: Погребана малата Ангела од прилепско

Посмртните останки на шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска од прилепското село Дуње, вчера беа погребани на градските гробишта „Песјобрдце“ во Прилеп, речиси 6 години по нејзиното исчезнување на 23 јули 2009 година од родното село.

Бидејќи, како што велат од Обвинителството, семејството на девојчето одбило да го изврши погребот, а посмртните останки со години се чувани во Институтот за судска медицина во Скопје, Јавно то обвинителство побарало од прилепското обвинителство да се изврши погреб во согласност со законот. Од „Комуналец“ велат дека го известиле еден од операторите, во случајот „Дипеко“, којшто со погребално возило од Институтот од Скопје ги подигнал посмртните останки на девојчето, а погребот е извршен истиот ден на сметка на јавното претпријатие, пишува „Утрински весник“.

Малата Ангела за последен пат беше видена во селото со својата 20-годишна братучетка, со која биле на гости на друга страна од селото. Полициската истрага потврди дека трагите на Ангела се губат кај селската црква, којашто се наоѓа речиси на крај од селото. Коски од девојчето се откриени по неколку месеци во висок рид во близина на соседното село Пештани. Таму и според жителите тешко може да се искачи возрасен човек, а не мало девојче, на пеколна жештина. Местото е оддалечено од родното село на Ангела 6-7 километри и се наоѓа во непристапен терен.

 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега