Куцањето картички оди во историјата: Се менува начинот на плаќање во автобусите на ЈСП

До крајот на летото сите автобуси на јавните превозници во Скопје ќе добијат електронски систем за наплата. Градот ја стартуваше монтажата на валидаторите со кои ќе стави крај на стариот систем кој се покажа како неефикасен и со простор за манипулации. Проектот предвидува поставување на повеќе од 500 апарати за наплата, кои ќе функционираат со електронски картички но ќе постои опција да се плати и со мобилен телефон.

 - На 50 локации во градот ќе може да се дополнувааат овие картички, додека на 3 локации во граот ќе има и автомати за дополнување на кредитот на истите, вели Трајановски.

 - Планот е од почетокот на септември овој систем за наплата да функционира безпрекорно,  изјави Јанушев.

Паралелно со поставувањето на валидаторите за наплата, на автобусите се монтираат и уреди за следење.

 - Со тоа ќе се подобри движењето на автобусите, во поглед на тоа дали навремено пристигнуваат на автобуските станици, Изјави Трајановски.

Проектот за модернизација на градските превозници изнесува 3 милиони евра , средства целосно обезбедени од градот Скопје. 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега