Македонија 22 години полноправна членка на ОН

Република Македонија на денешен ден пред 22 години со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. 

Со тоа беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името кои досега не дадоа резултати. Атина поради несогласувањата со уставното име, ја блокира поканата за Македонија за членство во НАТО, како и почнувањето на пристапните преговори со ЕУ.

Република Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со околу 170 држави во светот, а под уставното име е признаена од над 130 меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност - САД, Русија и Кина.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега