Скопјанец тешко повреден во автобус

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои 12 се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден возач на мопед.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 21 возач кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 13 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Преземени се мерки и према пешаците при што санкционирани се 38 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци. Од нив, на 28 пешаци покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега