Честитка од ОБСЕ по повод Меѓународниот ден на Ромите

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет денеска упати честитка до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 април. 

- Мисијата смета дека одржлива демократска иднина може да се постигне само со развој на општеството низ вклучување на сите заедници, порачува Брет во честитката.

Меѓународниот ден на Ромите, додава тој, ни служи нам кои што работиме во оваа област да не потсети на нашите мандати и на обврските на земјата во однос на Ромите.

Брет истакнува дека Мисијата го охрабрува и го поддржува мулти-агенцискиот пристап, што има за цел да ги подобри условите за живот на ромската заедница и да им овозможи да ги остварат целосно своите права.

- Овој ден не треба да биде само ден во годината кога се прави осврт на предизвиците со кои се соочуваат Ромите, туку треба сите да не потсети дека престои  уште многу работа што треба да се направи во многу области како што се меѓу другите граѓанското евидентирање на неевидентираните лица, вработувањето, образованието, домувањето и здравството, истакнува шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега