Македонија „лови" јапонски инвеститори

Можностите за инвестирање во Македонија ќе бидат претставени на бизнис форум што ќе се одржи утре во Токио во организација на македoнската Амбасада  и Јапонската организација за надворешна трговија. 

Присутните потенцијални инвеститори со условите за правење бизнис во Македонија ќе ги запознае министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски. Најавено е присуство на стотина јапонски компании од различни сектори, а Мицковски ќе има средби со потпретседателот на Јапонската организација за надворешна трговија, како и со претставници на компаниите со кои ќе размени мислења и искуства за инвестициските можности кои ги нуди Република Македонија.

Мицковски  во Токио ќе присуствува и на Самитот за нова економија (НЕС), кој се одржува на 7 и 8 април годинава и претставува една од најголемите светски конференции организирана од страна на Јапонската асоцијација за нова економија. 

 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега