Денеска е Велика Среда: Денот кога Јуда договори заговор против Христа

На Велика Среда (грч: Μεγάλη Τετάρτη) Црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница.

Имено, по Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена – грешница во Витанија, во домот на Симон прокажаниот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на воскреснатиот Лазар, како благодарност кон Господа.

Покајаната грешница го донела мирото во сад од алавастер. Гледајќи го помазувањето, Неговите ученици негодувале, сметајќи дека вредноста на мирото би можела да се употреби на поинаков начин – да се продаде и со тие пари да им се помогне на сиромашните.

На тоа, Христос им одговорил дека Тој не е тука постојано, додека сиромашните ги имаат секогаш околу нив; уште повеќе, им ја открил вистинската причина поради која жената Го помазала – тоа било сторено за Неговиот погреб, пророкувајќи дека христијаните секогаш ќе се сеќаваат на таа жена, што се потврдува и до ден денешен.

Тогаш Јуда, воден од страста на сребрoљубието, увидувајќи дека нема никаква материјална полза од неговото следење и гневен на својот Учител, оди кај првосвештениците и преговара за предавството.

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега