Шербеџија ќе го отвори македонскиот Бит Фест

Утре свечено ќе биде отворено осмото издание на културно лето во Македонија – Бит фест.

Културното лето ќе стартува утре со концерт на Раде Шербеџија и Западни Колодвор Бенд во Хераклеја од 21часот.

Бит Фест е под покровителство на битолскиот градоначалник Владимир Талески, а се организира во соработка со културните институции во градот.

Според најавите, овогодинешниот Бит Фест ќе им понуди на посетителите многу забава со голем број домашни и странски учесници и содржини.

најчитано сега