Тринаесет ипол метарски крст блесна во Волково

Тринаесет и пол метарски крст денеска беше поставен во село Волково, општина Ѓорче Петров во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Крстот е донација од Оливер Гаџоски од с. Волково кој двапати на Водици го фаќал крстот во реката Лепенец и на сон му се сонило дека на тоа место треба да биде поставен крст.

-За време на Водици ние од општинта Ѓорче Петров крстот го спуштаме на две места. Ова е едното место кое денеска го означуваме благодарение на граѓаните од општината и второто место е кај на мостот кај населбата Хром каде што се собираат голем дел граѓани од урабниот дел на општината, истакна градоначалникот Сокол Митровски.

Донаторот Гаџоски изрази задоволство, што ова место каде ќе биде означено со крстот што тој го донирал и посочи дека донацијата на крстот изнесува 5000 евра. 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 13:08
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега