Усвоен мастер план со 32 мерки за подобрување на конкурентноста на економијата

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски денес, во просториите на Владата на Република Македонија одржа средба со Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија каде е усвоен заедничкиот план за имплементација на пакетот мерки за подобрување на конкурентноста на економијата на Република Македонија  т.н. Мастер план, а се работи за 32 мерки во форма на предлози кои Националниот совет ги усвои на претходната седница одржана во февруари годинава.

 - Предлозите на деловната и академската заедница од страна на Владата се оценети како многу конструктивни, и предвидувањата се дека ефектите од нивната реализација ќе бидат значајни за економијата на Република Македонија. Усвоени се вкупно 32 мерки кои се поделени во 9 области, меѓу кои ги издвои: мерките наменети за домашните компании за олеснување на работата на малите и средните претпријатија преку намалување на трошоците за водење бизнис, поттикнување на финансиски инструменти за пристап до капитал, поврзување на домашните компании со странските инвеститори, формирање на Фонд за развој на вештини на работници кај македонските компании, поддршка на големи компании од Македонија и изработување модел за поттикнување на Green Field инвестиции, признание за домашна компанија која на годишно ниво вработила најмногу работници, посочи Пешевски.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, нагласи дека не се изоставени ниту мерките за унапредување на заштитата на правата од интелектуална сопственост, посебниот пакет мерки наменети за стратешките инвестициски проекти, односно за унапредување на квалитетот на патната инфраструктура и железничкиот транспорт, како и  мерките во делот на образованието за формирање слободни економски зони за истражување и развој за домашни и странски компании со цел поттикнување на оваа дејност и стимулативни мерки за изучување на дефицитарни струки, и поддршка за најдобрите студенти.

- Она што е најважно во моментов е дека преку Националниот совет за претприемништво и конкурентност за прв пат деловната заедница директно ќе се вклучи во процесот на имплементација заедно со надлежните институции од државата. Ова е еден од најзначајните процеси на дијалог меѓу Владата и бизнис секторот, притоа сите предложени мерки од страна на компаниите преку коморите и здруженијата кои се членки на Националниот совет за претприемништво и конкурентност, беа прифатени и усвоени од Владата и истите ќе се реализираат преку заедничка соработка на државните институции и претставници од бизнис секторот, додаде Пешевски.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега