ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 8 април

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати честитка до граѓаните од ромската етничка заедница во Република Македонија по повод Светскиот ден на Ромите - 8 Април.

- Република Македонија исклучително го цени придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот во државата. Република Македонија била и останува една од земјите која силно ја поддржува ромската заедница, нејзината културна и јазична засебност, но и нивната политичка и општествена вклученост во градењето на подобра иднина за сите, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните вклучително и на припадниците на ромската заедница, се додава во честитката, ќе остане врвен приоритет и во иднина за ВМРО-ДПМНЕ.

- Токму на тој начин ќе овозможиме унапредување на општетсвениот статус на Ромите во Македонија кои се нераскинлив дел од нејзиното минато,  сегашност и иднина. Македонија е нашата заедничка татковина, за која и Ромите, како и сите останати,  даваат придонес во нејзиното градење и  унапредување, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ до припадниците на ромската заедница вцо Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега