ВИДЕО: Детали за апсењето на Перо Антиќ

Кошаркарот на Индијана Пејсерс Крис Копленд (31) и неговата сопруга Катрин Салтара (28) се избодени за време на караница пред еден ноќен клуб на Менхетен, а во таа прилика се уапсени двајца играчи на Атланта, Табо Сефолоша и поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ. 

Во соопштението на полицијатасе наведува дека е уапсен напаѓачот на Копленд, Инцидентот се случил околу четири часот наутро по локално време кога избила караницата, по што кошаркарите почнале да го напуштаат клубот.

Копленд во стомак го прободел Шизој Блири (22), по што со нож ја повредил и неговата сопруга во раката и ногата. Во таа прилика со исеченица на стомакот се здобила и 53 - годишната Кетрин Сомани. 

Тие се итно пренесени во болница и се наоѓаат во стабилна состојба.

Полицијата покрај напаѓачот ги уапсила и Антич и Сефолоша, кои одбиле да се тргнат кога полицијата почнала да врши увид. Тие се обвинети за „попречување на службени лица“ .

Атланта вечерва игра против Бруклин, додека Индијана игра против Њујорк.



 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега