Афери, скандали и говор на омраза - кадрите на СДСМ без кредибилитет

Компромитирани и без кредибилитет се главните кадри на СДСМ.  Покрај тоа што зад експонентите на СДСМ стојат афери, тука се и изјавите полни со говор на омраза кои поттикнуваат агресија.

Токму вакви кадри ја водат политиката на СДСМ и одлучуваат за стратегијата која опозициската партија ја спроведува. СДСМ ја предводи Зоран Заев кој самиот велеше дека не им прилега да бидат партиоти.

-Се обидовме во неколку наврати да играме на политика на партиотизмот како партија која не ни приличи таа политика и тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса секако во иднина да не правиме такви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти. Ние сме државотворна партија, ние сме партијата која беше пример за мултиетнички соживот. Играјќи на партиотски варијатни не ни приличат на нас социјадемократите, истакна Заев.

Ваквиот став на Заев и СДСМ можеше да се види повторно и во опозицискиот Фокус кој предлага Албанец да биде назначен за премиер во Македонија.

Скандалозните изјави од Заев, продолжуваат и од вториот човек на СДСМ, Радмила Шеќеринска која во повеќе наврати е актуелна во грчките медиуми каде остро го напаѓа премиерот Никола Груевски за прашањето за името. Во интервјуата за грчките медиуми Шеќеринска заборава да спомене за сите македонски понуди одбиени од Грција за средби на премиерско или претседателско ниво, но не заборава да обвини дека не биле спроведени доволно реформи кои според неа, се причина за застојот кон евроинтегративниот пат на Македонија.

Низата скандали и афери се надополнува и со изјавите на медиумските перјаници на СДСМ кои се финансираат од фондацијата СОРОС. Бранко Героски кој е еден од главните поддржувачи на СДСМ пишуваше дека поради верски причини Македонија не треба да соработува со Израел, туку со Иран и Јемен.

Навредливи зборови кон македонскиот народ упати и Стојанче Ангелов кој е предводник во еден од најновите во низата пленуми, Граѓанскиот пленум. Ангелов при гостувањето во една емисија граѓаните ги нарече неписмени, кукавица, ненормални...

 

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега