Момчето кое ја задави медицинската сестра во Скопје ќе одговара за убиство на бремена жена

На почетокот на годинава се случи грозоморно убиство на покривот на Детската клиника во Скопје, кога момче ја удави својата љубовница, инаку медицинска сестра која беше бремена, по што се обиде да изврши самоубиство, но безуспешно.

Од Основното јавно обвинителство информираат против момчето е поднесена кривична пријава-Убиство на бремено лице.

-Обвинетиот знаел дека жртвата е бремена. Тој делото го извршил по претходна вербална расправија, по што со употреба на сила ја турнал сега починатата на подот. Жртвата при падот удирајќи со главата на подот, се здобила со повреда која не била животно загрозувачка. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја се додека не престанала да покажува знаци на живот. Како резултат на насилното задушување кај оштетената настапила смрт, се вели во соопштението на ОЈО.

За потсетување, грозоморното убиство кое ја потресе Македонија се случи во јануари годинава.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега