Граѓаните масовно бараат Заев да одговара за велепредавство, неговите закани не ги ислашија

Граѓаните масовно ја поддржуваат иницијативата за поведување  на постапка за одговорност поради велепредавство на Зоран Заев. И покрај заканите на опозицискиот лидер дека ќе го тужи секој оној кој ќе стави потпис на оваа иницијатива, граѓаните застануваат во одбрана на својата земја и јасно порачуваат дека преваниците треба да бидат казнети.

Вечерва во скопската населба Аеродром редици на граѓани чекаа да го стават својот потпис на иницијативата преку која се бара Заев да биде прогласен за велепредавник на Македонија.

Тие велат дека Заев и нанесува штета на нашата држава и дека нема да дозволат да го спроведе своето мрачно сценарио.

aaerodrom22

Еве дел од нивните изјави:

-Зоран Заев е штетен за државата. Дава невкусни изјави против Македонија. Судот и државата треба итно да го решат овој случај и Заев да биде најостро осуден и ова да се реши во прилог на државата.

-Јас како граѓанин на Македонија, како човек одговорен спрема мојата држава и моето семејство чувствувам одговорност да застанам на браникот на мојата татковина. Го давам мојот потпис затоа што се случуваат предавнички настани во државата. Господинот Зоран Заев, не заслужува да го кажам господин, затоа што тој го растури системот на државата, направи раздор меѓу граѓаните на Македонија и за тоа тој треба да одговара според законите на нашата држава. Тој не само што направи хаос во државата, тој не раскара со сите наши пријатели околу нас.

aaerodrom33

-Како граѓанин на оваа држава, на мојата сакана Република Македонија сметам дека ми е должност и има потреба да застанеме во одбрана на нашата држава бидејќи овие делувања и искази кои ги дава Заев особено во последно време, со неговите прислушкувани телефонски разговори и постојаното делување, мислам дека многу делува штетно за оваа наша држава. Јас мислам дека ова му е некое режирано сценарио кое пред и за време на 2001-ва година што се обидуваа да го разбранат мирот и спокојството на оваа наша држава и затоа лично сметам дека веднаш треба судовите и одговорните во оваа наша држава да го земат на одговорност и да се сопрат овие негови дејанија. Најдобро е тоа што поскоро да се направи за да нема вакво делување. Ова делување е уште поштетно затоа што се замешани странски службии тоа треба што поскоро да се земе на одговорност и да се спречат овие некови делувања.

„Како граѓани на оваа држава чувствуваме должност да застанеме во одбрана на нашата држава и да се спротивставиме на постојаните уцени и закани кои се во функција на разнебитување на државата. Ова е јасен одговор против сите странски центри и нивните извршители. Народот на Македонија ќе победи, народот ќе покаже поголема мудрост и капацитет и ќе ги казни оние што работат против нашата држава, прават поделби и спроведуваат мрачни сценарија“-стои во иницијативата.

aaerodromm44

Граѓанската иницијатива започна пред два дена во Автокоманда, вчера потписи се собираа во Кавадарци, а вечерва во Аеродром. По мала пауза заради Велигденските празници, следната недела продолжува граѓанската иницијатива преку која граѓаните бараат Заев да биде прогласен за велепредавник. Граѓанското движење за одбрана на Македонија со оваа иницијатива ќе ги посети поголемите општини и градови ширум цела Македонија.

 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега