Конечно: Пакувајте ги јакните - доаѓа вистинска пролет

Според Метеопро петок ќе биде првиот од серијата денови со пријатно и релативно топло време.

Ветерот ќе биде сосема слаб, а времето сончево со сосема малку облаци

 Продолжениот празничен викенд ќе донесе време кое ќе биде дијаметрално спротивно од времето кое го имавме изминативе неколку дена. Во буквална смисла ќе „скокнеме" од зимски јакни во куси ракави во рок од 2-3 дена.  

Наутро се очекува температура која ќе има вредности околу -1°С, а малку постудено ќе биде на повисоките места, каде минималната ќе се спушти до околу -5°С. Преку ден во поголем дел од котлините, највисоката дневна температура ќе има вредност околу 14°С, а долж повардарието таа ќе има вредност во дијапазонот од 15°С до 17°С.  Сабота ќе биде сончева и потопла од петок.

Максималната температура ќе има вредност од 17°С до 20°С долж повардарие, а низ останатите котлини таа ќе има вредност од 15°С до 18°С.  

Недела до продолжува трендот на сончево време. Се очекува пораст на утринксата температура за околу 3°С во однос на сабота. Максималната температура ќе ја надмине границата од 20°С во југоисточниот крај.  Понеделник ќе донесе мало наоблачување. 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега