Делегација на Армијата на Словенија во посета на Македонија

Делегација на Вооружените сили на Република Словенија предводена од началникот на ГШ генерал мајор Андреј Остерман престојува во официјална посета на Армијата на Република Македонија. Делегација ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а за време на престојот ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Јолевски. 

На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната воена соработка, заедничката обука меѓу двете армии и искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ. 

Началникот на ВС на Словенија ќе има можност да го посети и Центарот за обука на пилоти каде ќе биде запознаен со капацитетите и можностите за обука. 

Билатералната соработка меѓу македонската Армија и Вооружените сили на Словенија се одвива на повеќе полиња како што се образованието, обуката, вежбите, воената логистика и друго. Во периодот од 2009 до 2013 година на армискиот полигон „Криволак“ беше изведена билатералната воена вежба „Предизвик“ на која припадниците на двете армии демонстрираа висок степен на обученост и извежбаност во гаѓање на цели во воздушен простор со ракетниот систем ,,ИГЛА“. Изминатите години, офицери на АРМ се школуваа во високите воено-образовни институции во Словенија.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега