Продолжува соработката Долна Нормандија-Република Македонија

Регионалниот совет на регионот Долна Нормандија – Франција, во Кан е домаќин на голема македонска делегација, која учествува заедно со нивните француски партнери на одбележувањето десетгодишнината од соработката меѓу овoј француски регион и Република Македонија, јавува специјалниот известувач на МИА од Кан.

Претседателот на регионот Долна Нормандија, Лоран Бове пред преполната концертна сала „Карго“ во Кан, ја пречека македонската делегација на концертот од страна на Тони Китановски и Черкези Оркестар и на францускиот Баруф Оркестар, подарок за жителите на Кан во знак на оваа досега невидена соработка на еден фрацуски регион со една држава.

Во својот поздравен говор, Лоран Бове, потсети на иницијаторите на оваа сорбаотка, неговиот претходник Филип Дурон, кој беше и претседател на групата за пријателство во француското национално собрание Франција-Република Македонија.

- Работиме на едно значајно прашање со Македонија, европската интеграција, односно да и дозволиме на една земја да ги прифати вредностите кон кои ние сме приврзани, нагласи Бове.

Француската амбасадорка Лоренс Оер само ја потрвди „исклучителноста“ на соработката, која ја ужива од самиот почеток поддршката на француското министерство за надворешни работи.

За Ани Ан, вицепретседателка на регионот Долна Нормандија задолжена за меѓународна соработка и размена, оваа соработка е дотолку позначјна бидејќи во неа се работи и на сеќавањата.

- Знаме дека Македонина беше тешко погодувана од конфликтите во текот на двасететиот век, Првата и втората светска војна. Тоа ги обединува народите и им дава заеднички цели за соработка. Ние сме посветени на тој аспект од соработката. Потоа туристичкиот аспект, економските предизвици и затоа имаме интерес да ја продолжиме соработката, Постои вистински реципроцитет. Македонија ни носи исто така многу нешта, посебно кога гледаме што се случува на просторот на Балканот тоа е за нас интересно, особено фактот што Долна Нормандија учествува во конструкцијата на нешто ново во тој регион. Така нашиот регион е ставен во прв план со прашањата за демократијата и слободата кон кои сме силно приврзани, ијзави таа за МИА.

На учесниците на средбата им се обратија и Љупчо Ренџов заменик-министер за локална самоуправа и Ана Блажевска државен секретар за европски прашања. Тие во своите излгања инсистираа на фактот дека што оваа соработка овозможи бројни размени кои резултирале со реализација на одржливи проекти и партнерства кои продолжуваат да напредуваат.

Имено, резултатите од оваа соработка се видливи и вкоренети во двете општества. Поради ова, децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија сега служи како пример за нејзината стабилност и издржливост што се должи на посветеноста и поддршката на многу од нејзините партнери во двете територии, на прво место градовите, невалдините органзиации силно поддржани од надлежните државни и регионални институции.

Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија беше започната во 2005 година како билатерална новаторска регионална соработка меѓу здруженија и траеше до 2013 година, а потоа во 2012 година беше продолжена за четири години.

Во програмата за десетгодишнината од соработката вчера беа дадени десетина сведоштва и искуства навоспоставените партнерства, меѓу локалните заедни, како седумте збратимени градови и посебно размената меѓу училиштата и невладините организации.

Денешниот ден е со друга содржина има предвиено три тематски работилници на тема: „Предизвици на институционалната соработка: долгорочни размислувања и капитализирање на искуствата за локалните единици“,   „Соработка со Балканот или како да се вреднува различноста на европските идентитети“ и„Децентрализирана соработка и економска отвореност“. 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега