Нови вработувања - ВМРО-ДПМНЕ во Виница најави нова холандска инвестиција

ВМРО-ДПМНЕ вчера во Виница одржа трибина на која пред присутните граѓани зборуваа министерот за здравство Никола Тодоров, пратениците Антонио Милошоски, Илија Димовски и Влатко Ѓорчев како и градионачалникот на Виница Емил Дончев.

Во своето обраќање Никола Тодоров вечерашната трибина ја најави како прва од серијата помали трибини кои ке ги реализира владејачката партија со цел да биде поблизу до граѓаните.

– Нашиот начин на работа е отворен. Тоа што сме го ветиле ќе го сработиме и тоа може да се види. Изградивме илјадници километри патишта, субвенциите за земјоделството во повеќе области се веќе реалност. Вечерва од овде од Виница ја најавувам новата холандска инвестиција на компанијата Е Р Е Н Е С во која ќе бидат вработени 50 лица, истакна Тодоров.

Додека Заев и неговата партија досега објавија 19 бомби, посочи, нашата партија објави 60 мерки и политики кои во целост ќе го подобрат животот на луѓето во повеќе краеви од Македонија.

– До сега се отворени 60 нови фабрики во кои се вработија 8.900 лица. Невработеноста ни ја оставија луѓето од СДСМ со нивната нетраспарентна приватизација. Ги затворија фабриките, ги избркаа работниците на улица…. До крајот на оваа година ќе започне реализацијата на новиот патен правец од Кочани преку Виница до Делчево во кој ќе бидат инвестирани 10 милиони евра. За патот Штип – Кочани кој ќе започне да се гради од средината на оваа година, во должина од 26 километри ќе бидат инвестирани 43 милиони евра. За регоналниот пат Карбинци – Зрновци – Виница Владата обезбеди еден милион евра, појасни Тодоров.

Најави изградба на нова социјална станбена зграда со 39 стана наменета за семејствата со социјален ризик и додаде дека цо источна Македонија ќе се градат 218 станови од кои 43 во Кочани.

– Проектот „Македонија вработува” е прифатен и од граѓаите и од стопанствениците, бидејки сет мерките што ги најави Владата отвораат нови работни места и се вработуваат луѓе кои и не сонуваат за работа, потенцира Тодоров.

Градоначалникот Дончев направи отчет за сработеното во Виница во изминатата година, истакнувајки дека гордост на општината е новата индустриска зона во која досега се продадени 11 парцели на странски инвеститори и се вработени 400 нови работници.

– Оваа инвестиција локалната самоуправа ја чинеше 600 илјади евра, при што општината е подготвена за прширување на оваа индустриска зона годинава да вложи дополнителни 200 илјади евра, рече Дончев.

Прецизира дека е изградена атмосферска канализација, 4.700 метри водоводна мрежа, реконструкција на водоводот во село Блатец, а во реконструкција на детските градинки во селата Истибање и Лески се инвестирани 150 илјади евра.

– За комунална инфраструктура во неколку населени места во Виница се инвестирани 100 илјади евра, а во село Истибање е изграден и дневен центар за стари лица, потенцира Дончев.

На трибината во Виница вечерва свои обраќања имаа и пратениците Илија Димовски, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега