СДСМ со нелегални средства се обидува да ја дестабилизира Македонија

За разлика од другите кои денеска се занимаваат со деструктивна политика, ВМРО-ДПМНЕ и на општинско и на државно ниво се занимава со завршување проекти. Тоа не разликува од другите  и така ќе продолжиме да работиме и во следните години.

Ова од трибината во Виница го порача пратеникот Антонио Милошоски, кој потенцираше дека политичката ситуација во која е доведена Македонија поради, како што рече, поради неисполнети желби и фрустрации на еден двајца или повеќе луѓе од раководството на СДСМ , кои неможејќи на избори да ја добијат довербата на народот од 2006 година па наваму, се одлучиле да прибегнат кон еден за нив испробан метод од јануари 2001 година.

-Со нелегални средства , со прислушкување, со креирани материјали, во соработка со домашни и странски агентури се обидуваат да направат упад во системот и со тоа да направат дестабилизација на институциите и да направат пресврт за да се исполни нивната желба којашто не се исполнила на ниедни избори. За жал на таков начин нанесуваат само штета на Р.Македонија, ништо повеќе од тоа нема да постигнат. Постигнуваат само одредени држави од меѓународната заедница или од нашето соседство коишто и претходно имале некои изговори или причини да не блокираат, а сега само она што го прават  СДСМ, тие го користат како дополнителна причина за Македонија да биде блокирана во некои процеси со коишто се обидуваме да ја придвижиме земјата еден чекор напред, посочи Милошоски.

 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега