Тодоров: Додека Заев објави 19 бомби, ние објавивме 60 мерки за подобар живот на граѓаните

Додека Заев и неговата партија досега објавија 19 бомби, посочи, нашата партија објави 60 мерки и политики кои во целост ќе го подобрат животот на луѓето во повеќе краеви од Македонија, истакна Никола Тодоров на трибината во Виница.

– До сега се отворени 60 нови фабрики во кои се вработија 8.900 лица. Невработеноста ни ја оставија луѓето од СДСМ со нивната нетраспарентна приватизација. Ги затворија фабриките, ги избркаа работниците на улица…. До крајот на оваа година ќе започне реализацијата на новиот патен правец од Кочани преку Виница до Делчево во кој ќе бидат инвестирани 10 милиони евра. За патот Штип – Кочани кој ќе започне да се гради од средината на оваа година, во должина од 26 километри ќе бидат инвестирани 43 милиони евра. За регоналниот пат Карбинци – Зрновци – Виница Владата обезбеди еден милион евра, појасни Тодоров.

Најави изградба на нова социјална станбена зграда со 39 стана наменета за семејствата со социјален ризик и додаде дека цо источна Македонија ќе се градат 218 станови од кои 43 во Кочани.

– Проектот „Македонија вработува” е прифатен и од граѓаите и од стопанствениците, бидејки сет мерките што ги најави Владата отвораат нови работни места и се вработуваат луѓе кои и не сонуваат за работа, потенцира Тодоров.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега