Милошоски: СДСМ работи само за да нанесе штета на државата

Зголемените пензии, стипендии, бесплатните учебници, изградбата на социјални станови се наменети за сите граѓани на РМ. 

-Затоа довербата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја добива е токму поради тој концепт на правење на добро колку што може повеќе и за колку што може повеќе граѓани и затоа не е случајно со цела оваа доверба што ја има и сега и во идниот период, премиерот на државата  Никола Груевски . Ја ужива двербата затоа што сработил луѓето имаат доверба и знаат да направат споредба со претходните и гледаат дека тој посветно работи за доброто на државата, потенцираше Милошоски.

За разлика, од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нагласи тој, работи само за да нанесе штета на државата.

Тој рече дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ е да не биде дефокусиран од она што го прават СДСМ, без разлика колку долго ќе го прават тоа, колку доолго ќе монтираат и селектираат материјали, туку дека државата и сите институции ќе продолжат да функционираат о да ги спроведуваат предвидените проекти.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега