ТТК Банка со нова експозитура во Битола

Согласно својата стратегија за проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка отвори нова експозитура во градот Битола. Новата експозитура се наоѓа во нас. Нова Битола, на ул. Генерал Васко Карангелески бр.41 и работи од понеделник до петок, од 09 – 17 часот, односно сабота, од 09 – 13 часот. Банката и во оваа деловна единица, ќе понуди брза и квалитетна услуга при извршување на универзалните банкарски активности: кредитирање на физички и правни лица, платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, депозитно работење и други.

 Актуелно, Банката нуди особено поволни услови за потрошувачки и станбени кредити. Корисниците кои ќе аплицираат за супер станбен кредит, како и субвенциониран станбен кредит до 31.05.2015 година ќе имаат можност да го искористат промотивниот период – без надоместок за одобрување за овие кредитни производи.

 На територијата на Р.Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 35 деловни единици: 7 филијали, 24 експозитури, 4 шалтери.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега