Презентации во градовите низ Македонија - почнува Караванот „Купи куќа, купи стан“

Министерството за финансии информира дека со цел доближување на проектот „Купи куќа, купи стан“ до секој граѓанин од следната недела стартува Караван на Министерството по градовите низ Македонија.

-Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од страна на луѓето од Министерство за финансии, банките и локалните градежни компании во девет градови. Караванот стартува следната недела на 16 април со презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град, соопштуваат од Министерството.

Караванот ќе се одвива по следниот распоред

16 Април Охрид

23 Април Битола

30 Април Прилеп

07 Мај Гевгелија

14 Мај Струмица

28 Мај Тетово

04 Јуни Велес и Куманово.

Од Министерството за финансии ги покануваат сите заинтересирани граѓани да ги посетат презентациите и да се информираат како до субвенција за купување сопствен дом.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега