Голем пожар беснеел во Велес - изгоре куќа

Во месноста Којник во Велес на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ број 13, синоќа околу 21 часот  се одвивала вистинска драма. Изгорел стар дел од куќа, а за среќа во пожарот нема жртви благодарение на навремена интервенција на соседите кои први интервенирале додека пристигнала екипа на противпожарната единица.
 
Пламенот преку керамидите излегувал доста високо и се заканувала опасност да бидат зафатени електричните кабли на бандерите на улицата, поради што пожарникарите интервенирале со две возила и за кратко време огнот најпрво бил ставен под контрола, а потоа и изгаснат околу 23 часот.
 
Увид на лице место направила екипа на велешката полиција  која работи на утврдување на причините на пожарот и настанатата штета. 
 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега