Оливер Андонов: Правната разрешница ќе расчисти многу дилеми

Обвинителството и судот ќе мора да покажат високо ниво на одговорност и согласно законските прописи во најкраток рок да го затворат случајот "Пуч" со правна разрешница. Тоа е најзначајно за целосно решение на лризата. Универзитетскиот професор, Оливер Андонов во интервју за Прес24 вели дека е добро што се интемзивира работата со случајот Пуч, иако не сака да прогнозира какво било решение, видејќи смета дека јавноста треба да добие јасна слика од процесот кој треба да бид етранспарентен и во постапката и во изледувањето на доказите. Изјавата на адвокатот на Верушевски по неговиот исказ во обвинителството, за Андонов е своевидно признание на делото за кое се терети.

-Од самиот почеток на оваа афера, беше видливо дека постојат институционални пропусти во системот за внатрешна безбедност на МВР. Оваа не треба да се гледа како оправдување за Верушевски, туку само како институционален пропуст. Од друга страна, колку и да државата има пропусти во однос на безбедносниот систем ( а не постои држава која нема слабости) не значи дека може да се врши упад во истиот и загрозува националната безбедност, вели Андонов во интевјуто за Прес24.

Ако правната разрешница докаже дека аферата прислушување, што ја обелодени лидерот на СДСМ, Зоран Заев е дело индиректно на опзоцијата, односно правно се докаже дека власта не е таа која прислушувала, тогаш вели Андонов, раководството на СДСМ треба да се подготви за целосно повлекување од политичкиот живот во Македонија.

-Во ваков случај безсомнение е дека лидерот на опозицијата, но и целото раководство на опозицијата ќе мора да се соочат со таканаречена „политичка смрт“, бидејќи ќе покажат дека за да дојдат на власт ги употребиле сите средства, а Макјавелистичкиот пристап во кого цената и залогот е сопствената држава и народ неможе да се оправдаат со ниедна флоскула задемократски права и политичка борба, вели во интервјуто за Прес24, Оливер Андонов Универзитетски професот, кој ја анализира и улогата на Европската Унија во случајот, но и страничните актери во состјбите.

ПРЕС24: По речиси два месеци веќе има раздвижување за случајот Пуч во обвинителството. Искази дадоа поголем дел од актерите. Имаме и една судска пресуда како резултат на спогодба со обвинителството. Како очекувате да се развива случајот?

АНДОНОВ: Давањето на проценки како Обвинителството ќе го води случајот и каква ќе биде пресудата на судот во крајна инстанца е неблагодарно, особено поради тоа што немаме детални информации за сторените кривични дела. Сепак, добро е што се интензивира работата на судот и обвинителството што укажува на тоа дека третата власт во државата е решена да го расчисти случајот и донесе пресуди за сите актери не останувајќи само на веќе донесената спогодбена пресуда. Мислам дека обвинителството и судот ќе покажат високо ниво на одговорност и во согласност со кривичниот закон и изнесениот доказен материјал во најкраток можен рок ќе донесат соодветни пресуди.

ПРЕС24: Она што многумина изненади беше изјавата на адвокатот на Верушевски дадена по исказот пред обвинителите што индиректно може да се толкува дека Верушевски го признава делото. Како го коментирате ова?

АНДОНОВ: Јасно е дека Верушевски посредно го признава делото. Сепак, тоа е само еден аспект во случајот што секако ќе влијае врз обвинителството и дооформување на обвинителниот акт, а во исто време и ќе влијае и врз изнесување на доказите и донесување на судската пресуда. Вториот аспект се однесува на тоа дека за жал има многу вистинитост во исказот на Верушевски. Имено, од самиот почеток на оваа афера, беше видливо дека постојат институционални пропусти во системот за внатрешна безбедност на МВР. Оваа не треба да се гледа како оправдување за Верушевски, туку само како институционален пропуст. Од друга страна, колку и да државата има пропусти во однос на безбедносниот систем ( а не постои држава која нема слабости) не значи дека може да се врши упад во истиот и загрозува националната безбедност.

Безразлика дали се работи за упад во безбедносниот систем од страна на странска разузнавачка служба или се работи за лица (група) на припадници на бебзедносните служби кои вршеле недозволено снимање и прислушување и злоупотреба на службената должност, нелегалното користење на овие податоци, евентуално нивно дополнително монтирање и пред се јавно објавување не го амнестира првообвинетиот Верушевски од кривичната одговорност.

Со оглед на ова, резултатите од овие изјави на Верушевски и сторените кривични дела мора да имаат правна разрешница која најпрво ќе ги санкционира обвинетите учесници во аферата, а потоа институционална одговорност која мора да ја поттикне Владата да преземе мерки за одговорност за пропустите во безбедносниот систем, вклучително и лична одговорност.

ПРЕС24: Очекувате ли судскиот процес, кој се очекува, да биде јавен и транспарентен како што на тоа апелираше и Премиерот Никола Груевски?

АНДОНОВ: Секако, тоа е неопходно затоа што по најавата на премиерот и јавноста очекува да биде информирана за деталите не само од судскиот процес, туку уште повеќе за самите докази кои ќе бидат изнесени и особено за тоа како актерите на оваа афера дошле до информациите (снимените материјали), што е вистинито, а што не е и кој во основа стои зад целата афера и со која цел. На овој начин граѓаните ќе создадат правилен суд за целата афера , а што ќе биде значајно пред се за политичката стабилност на државата и развој на демократското општество давајќи позитивна слика за демократско владеење во Република Македонија.

ПРЕС24: Дали трансперентноста на тој судски процес ќе овозможи појасна слика за она што вистински се случувало во Македонија со прислушувањето?

АНДОНОВ: Да недвосмислено како што веќе кажавме

ПРЕС24: Ако правната разрешница на случајот потври дека во Македонија не е власта онаа која организирала масовно прислушување, туку тоа се структури во корист на опозицијата, каква тогаш би била политичката разрешница на  кризата?

АНДОНОВ: Во ваков случај без сомнение е дека лидерот на опозицијата, но и целото раководство на опозицијата ќе мора да се соочат со таканаречена „политичка смрт“, бидејќи ќе покажат дека за да дојдат на власт ги употребиле сите средства, а Макјавелистичкиот пристап во кого цената и залогот е сопствената држава и народ неможе да се оправдаат со ниедна флоскула задемократски права и политичка борба.

Но, како и да е мора да имаме предвид дека веќе е нанесена голема штета на државата, како во внатрешните односи, такаи во однос на меѓународната заедница, особено во пристапот кон Европската унија.

ПРЕС24: Што практично би се случило со прислушуваните материјали кои реално ги поседува лидерот на опозицијата. За очекување е дека Заев и СДСМ нема да се откажат од нив, ниту пак би почитувале каква било правна разрешница со која би се забранило нивно објавување. Што во таква ситуација?

АНДОНОВ: Непочитувањето на судска одлука е казниво дело, доколку државата односно во овој случај судската власт продолжи да се однесува снисходливо кон објавувањето на прислушкуваниот материјал од страна на опозоцијата, тогаш ќе имаме една многу неприродна ситуација. Јавноста ќе знае некои детали, но нема да ја има целосната слика, односно во која мера се вистините и најбитно како се обезбедени. Ова само ќе ја продолжи политичката криза во Македонија, но мислам дека ќе покаже слабост на институциите на системот и ќе воведе нова негативна пракса преку овој преседан да доказен материјал од кривична постапка оди во јавноста надвор од отворено судење или по завршувањето на правната постапка.

ПРЕС24: Од сите досегашни објавени разговори, СДСМ поднесе чинам три до четири кривични пријави за наводно прекршени законски прописи од оние чии разговори беа објавени. Тоа практично значи дека и опозицијата признава дека телефонските разговори што ги објавува во најголем дел не се доказ на сторени дела?

АНДОНОВ: Во основа тоа е целта на опозицијата да ги искористи прислушуваните материјали како доказ за наводно сторени кривични дела од страна на власта и на тој начин да се амнестира од сопствената одговорност за сторените кривични дела во однос на неовластеното прислушување, евентуалната соработка со странски разузнавачки служби или евентуално монтирање на материјали и уцена за политички цели. Од друга страна, самите содржини на телефонските разговори сами по себе не се доказ за сторени кривични дела, тие може да посочат кон сомнение за сторени дела и тоа дури откако ќе се утврди нивната автентичност. Целата на упорната презентација на прислушуваниот материјал кој го презентира опозицијата е да се насочи јавноста во Република Македонија и меѓународната заедница кон создавањето на перцепција за недемократско и криминално владеење на Владата, но без соодветни докази, дури и без потврдена автентичност на презентираниот материјал во кој изобилува содржина која не укажува на никакви дела туку дури и на приземни секојдневни разговори и персонални релации или лични ставови.

ПРЕС24: Во последните неколку денови СДСМ ја менува стратегијата. Почнува да организира и протестни маршови. Дали Заев веќе чувствува дека продолжувањето со објавување на телефонските разговори нема да ја постигне целта па затоа сега се обидува да мобилизира народ за протести?

АНДОНОВ: Не би се согласил дека лидерот на опозицијата и опозицијата во целост сметаат дека објавувањето на прислушуваните разговори      нема да ја постигнат целта. Токму од оваа дистанца на гледање на целата афера Пуч, може да кажеме дека објавувањето на прислушуваните разговори има за цел да создаде соодветна политичка  клима за мобилизирање на различни социјални групи во општеството кој поради други причини се незадоволни. Оваа незадоволство од други причини опозицијата сака да го искористи во контекст на претставувањето на Владата како недемократска и направи еден сплет на околности за масовност на протестни маршеви и нивно искористување за остварување на основната цел-уривањето на Владата.

ПРЕС24: Паралелно со ова дејствуваат и некои групи, како поранешни функционери на власта или поддржувачи кои, сега бараат одговорност и повелкување на Груевски. Тоа се групата околу Никола Димитров, потоа Кекеновски, па Стојанчо Ангелов. Колку тоа може да доведе до  раслојување на партиското ткиво на ВМРО-ДПМНЕЖ?

АНДОНОВ: Потребно е да расчистиме неколку работи кога станува збор за внатрепартиските состојби во владеачката партија. Најпрво тоа е фактот дека Стојанче Ангелов не е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Второ, Никола Димитров и Кекеновски се дел од ВМРО-ДПМНЕ, но не оставаат впечаток дека се во мнозинство во партијата и имаат голема поддршка.

Стојанче Ангелов игра многу ризично со своите изјави и тоа во насока на нарушување на јавниот ред и мир што може да испровоцира започнување на спирала на насилство односно да биде тригер за почеток на масовни насилни протести, а што е во интерес на СДСМ во контекст на потврдување на сопствената теорија за недемократско владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Од тука не може да зборуваме за внатрепартиско делување на Ангелов туку за неодговорно делување.

Никола Димитров и групата во ВМРО-ДПМНЕ која е околу него имаат сосема други мотиви за својот настап и сосема различна целна група. Тие се надеваат дека со издејствувањето на евентуално повлекување од функцијата Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Груевски, ќе можат со помош на дел од внатрепартиските структури и поддршка на некои меѓународни фактори да го преземат раководењето со партијата и оваа ситуација со аферата Пуч само им дојде како добра можност. Сепак, сметам дека овие внатрепартиски спротивставености во ВМРО-ДПМНЕ може да се менаџираат од страна на сегашното раководство кое покажа умеење кога е во прашање обединување на десното политичко крило во Република Македонија околу ВМРО-ДПМНЕ.

ПРЕС24: Како ја оценувате улогата на ЕУ во напорите да воспостави политички дијалог меѓу власта и опозцијата. Првиот обид пропанда. Сега се најавува нов за по велигденските празници?

АНДОНОВ: Европската унија пред се сака да одржи стабилност во сите држави на европскиот безбедносен простор и тоа во секој поглед вклучително и политички. Најчесто во отсуство на насилство и ескалација на кризата се допушта истата да биде решена од самите нејзини актери во државата, но доколку се процени дека ќе има поголеми безбедносни и политички импликации кои ќе предизвикаат долгорочна нестабилност и загрозување на нормалното функционирање на државата, Унија презема соодветни чекори преку своите веќе воспоставени механизми и инструменти на делување.

Зборувајќи за конкретниот обид за воспоставување на политички дијалог, потребно е да кажеме дека опозицијата се надеваше и калкулираше со вклучување на Европската унија во внатреполитичката криза во Македонија, но дека примената на овој механизам на Унијата на воспоставување политички дијалог под нејзин патронат, а не заземање страна и тоа на страна на опозицијата, веројатно не беше перцепиран соодветно.

Европската унија нема да си дозволи да заземе страна во решавањето на внатреполитичката криза фаворизирајќи една од страните. Таа може да заземе страна единствено доколку безбедносно работите излезат од контрола и Владата покаже некапацитет за менаџирање на состојбите или примени насилство врз сопствените граѓани. Засега непостои такво нешто и единствено за што Унијата може да врши притисок е прагматичниот пристап за надминување на кризата а со цел нормално продолжување на реформите и пристапот кон полноправно членство во ЕУ.

Оттука, може да очекуваме суптилни притисоци и врз двете страни за воспоставување на дијалог под медијаторство на Унијата, а во насока на надминување на внатреполитичката криза. Тоа би требало да резултира со приближување на ставовите на страните и продолжување на нормални пред се парламентарни релации на делување во Македонија.

 

Во овој момент не можеме да зборува за детали од тоа кој ќе добие а кој ќе изгуби, но во инсистирањето на партиско добивање и губење всушност губи Македонија и ние граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа