Пожар пепелоса куќа во Кавадарци

Во пожар утринава изгореа кат и поткровје од семејна куќа во населбата Глишиќ, Кавадарци.

Пламените јазици го зафатиле објектот околу 7 часот утринава. Веднаш по дојавата за пожар интервениравме со две противпожарни возила и 5 пожарникари. На помош ни дојде и противпожарното возило на јавното претпријатие „Македонски шуми", „Бор" од Кавадарци, со двајца пожарникари, изјави Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци, пренесе МИА.

Се утврдуваат причините за пожарот. 

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега