Трагедија: Почина подофицер на АРМ

Подофицер на АРМ на 45-годишна возраст денеска околу 11 часот и 40 минути почина за време на редовна физичка проверка во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево.

- При проверката на една од дисциплините (трчање на 3.200м), на подофицерот видно му се слошило, од каде со воено санитетско моторно возило бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево, каде лекарите по кратко време, констатирале смрт. Според првичните сознанија, до смрт дошло како резултат на инфаркт, соопшти АРМ.

Инаку, при задолжителниот лекарски преглед пред почетокот на проверката, кај починатиот подофицер од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба, како услов за реализација на проверката. 

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега