Царината заплени облека, накит, девизи, музички плочи и фалсификати

Во текот на минатата недела и Велигденските празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, модни додатоци, накит, девизи, додатоци на исхраната, музички плочи и фалсификати.

 

Задржана е следната стока:

 

Облека
- 281 парчиња облека, откриени во три одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на тројца македонски државјани. 
Во првиот случај, во патните торби на патник кој пристигнал со лет од Истанбул се пронајдени 138 парчиња облека (маици, фармерки, хеланки, блузи, елеци и кошули).
Во вториот и третиот случај, во патните торби на двајца патници кои пристигнале со летови од Дубаи, пронајдени се, кај едниот 75 парчиња женска облека (здолништа, блузи, фустани, кошули, кратки панталони, панталони и палта), а кај другиот 68 парчиња женска облека (фустани и кошули).
- 54 комплети работничка облека и 600 стакла за заштитни маски, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на германско комбе, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената облека е пронајдена во две најлонски вреќи и една картонска кутија сместени во багажниот простор. 
- 55 парчиња облека (фустани, палта, блузи, кошули, хеланки и друго) и 1 употребуван мотор за патничко возило Опел, откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на товарот на словенечки камион, натоварен со 10 употребувани возила, управуван од српски држвјанин, пријавен за влез во државата. На прашање на царинските службеници, возачот пријавил дека носи стара облека и некои делови за возила. При извршената контрола, на задното седиште на едно од натоварените возила е пронајдена непријавената нова облека, а во друго возило е пронајден непријавениот мотор.

Модни додатоци
- 1.447 модни додатоци, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица, при контрола на две патнички возила, пријавени за влез во државата. 
Во првиот случај, при контрола на литвански автомобил, управуван од словенечки државјанин, во фиоките под двете предни седишта и помеѓу личните предмети во куферите на патникот, пронајдени се 181 парче накит Сваровски (крстови, месечинки, обетки, нараквици и синџирче).
Во вториот случај, при контрола на полско комбе, во неколку кеси и една картонска кутија сместени во багажникот на возилото, пронајдени се 1.266 модни додатоци-бижутерија (украси за коса, нараквици, ѓердани и обетки), сопственост на патник во возилото, словачки државјанин. 
- 782 модни додатоци (обетки, белегзии, прстени, синџирчиња, паричници, марами и женски чанти), откриени на царинската испсотава Битола, при контрола на два пакети од Австралија наменети за физичко лице од Неготино. За двата пакети, пријавени како облека со вкупна вредност од 60 австралиски долари, била поднесена молба за ослободување од увозни двачки, но при извршената контрола откриена е стока со вкупна вредност од околу 600 илјади денари.

Девизи
-7.300 евра, откриени кај двајца патници, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во првиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, во мала торбичка и во новчаник, сместени во преградите на предните врати, пронајдени се вкупно 6.400 евра. Во вториот случај, во џеб од панталоните на македонски државјанин, кој со чешки автомобил се пријавил за излез од државата се пронајдени 5.900 евра. Во двата случаи патниците не поседувале потврда за потекло на девизните средства. Согласно законските прописи на двајцата патници им се вратени по 2.000 евра, износ што резиденти слободно можат да го изнесат од државата.

 

Останато
- 8,9 литри и 720 таблети додатоци на исхраната и 294 музички плочи откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики.
Во првиот случај, при контрола на патните торби на македонски државјани, кој допатувал со лет од Гетеборг се пронајдени 8,9 литри и 720 таблети - додатоци на исхраната Kyani Nitro, Kyani Sunrise и Kyani Sunset, додека во вториот случај, при контрола на три патни торби на македонски државјани, кој допатувал со лет од Ајндховен, се пронајдени 294 Long Play музички плочи. 
- 2 поништени сообраќајна дозволи од патничко возило марка Голф, откриени при контрола на патен ранец сопственост на македонски државјанин, кој, како патник во македонски автомобил, се пријавил за влез во државата на граничниот премин Делчево. Патникот изјвил дека претходно извршил привремен увоз на патничко возило од Република Бугарија, но истото поради дефект го продал за делови на друг македонски државјанин кој не го познава, а регистарските таблички ги вратил во Бугарија. На тој начин патникот го пуштил возилото во слободен промет без да биде ставено во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки за истото. 

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
- 266 готови текстилни производи и обувки со лого на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови. 
Во првиот случај, при контрола на стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење за фирма од Скопје, биле пронајдени 184 пара патики со лого на заштитена трговска фирма. Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Битола –Прилеп пронајдени се 82 парчиња бебешка облека (боди, пижами и комплети) со лого на заштитена трговска марка.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега