Во Брисел продолжува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Во Европскиот парламент во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со посредство на европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, а со цел ставање крај на политичката криза во Република Македонија, пренесува МИА.

Првата средба на претставници на двете партии се одржа, исто така, во Брисел на 30 март. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваа Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер. Тие имаа одделни средби со тројката европратеници, а потоа и кус заеднички состанок.

Првата рунда од дијалогот, заврши без успех, но со договор разговорите да продолжат по велигденските празници. Според информациите од средбите, СДСМ останал на барањето за формирање преодна влада и за оставки на министри и раководни лица во Македонската-радио телевизија, како и на Јавниот обвинител. Тоа било отфрлено од „тројката” од ВМРО-ДПМНЕ.

Во заедничкото соопштение испратено од канцелариите на Вајгл, Кукан и Ховит, освен најава за нова средба по Велигден, не беа презентирани детали за содржината на разговорите

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега