Се продолжува рокот за пријавување на таксистите за полагање на испитот за англиски јазик

Рокот за пријавување за полагање на испитот за англиски јазикза сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик се продолжува до 30 април 2015 година, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mkкандидатите да приложат:

1.      М1/М2 образец не постар од 60 дена

2.      Kопија од лична карта.

  Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

„Сакаме да истакнеме дека авто такси возачите нема да сносат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи  вработени во лиценцирани авто такси компании“ - велат од Министерството.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега