Тетово: Тешко повредена 36 годишна жена - мермер од тераса на шестиот кат и ја удрил во глава

Тешко повредена во пределот на рамото, вчера во тетовската болница била донесена 36-годишната Ф.С. од Кичево, по што итно била пренесена во Скопје, јави Курир.

-Непосредно пред тоа, од оградата на балкон од стан на шестиот кат во објектот „Емирати-центар“, лоциран на улица „Илинденска“ во Тетово се одлепило, односно откачило парче мермер и паднало врз повредената која тука поминувала, соопштуваат од СВР Тетово.

По овластување на јавен обвинител, екипа од СВР Тетово извршила увид на местото на повредувањето, пронајдени и фотодокументирани се остатоци од парчето мермер и се превземаат активности за расветлување на сите околности.

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега