Станковски: Кога серијалот фрлање експлозивни фекалии ќе заврши, почнува голготата на малиот Наполеон

Уметникот Ацо Станковски напиша колумна објавена на „Република“ во неа ја опишува политичката сосотјба во Македонија. Според Станковски, тоа народот го дефинира како состојба на – рани куче, да те лае. Но, малиот Наполеон е бескомпромисен во борбата за остварување на неговите сништа по секоја цена.

-Сепак, кога серијалот на фрлање експлозивни фекалии ќе заврши и ќе почне голготата на малиот Наполеон, неговиот поранешен ментор нема да биде тука за да го извади од мрачната и тегобна реалност која неминовно ќе дојде како кармичка последица од неговото непринципиелно и неморално практицирање на таканаречената „уметност на можното“. А, со него ќе ги повлече на дното и неговите соучесници. Како главниот фактор на одлуките за курсот на оваа гротеска да го чека малиот Наполеон да ја заврши својата серија, а потоа…, пишува, Станковски.

Тој додава дека прикаските на малиот Наполеон стануваат сè поздодевни и поздодевни, додека истрагата која го деконструира неговиот професионален хабитус укажува на сè поголем и поголем криминален опус.

-„Др’жте го крадецот“ – врескаат сите оние измамници од времето на транзицијата, обидувајќи се од петни жили со целиот асортиман на својата одвратна скрибоманија да ни ја реконструираат меморијата и да нè убедат, дека она раскрчмување на македонската економија и сведувањето на платите во стопанството на 50 – Дојчмарки (та, зар не се сеќавате, господа, елитни граѓани и сите вие сапрофитни снобови од НВО-секторот) било, всушност, периодот на dolce vita.

Целата колумна прочитајте ја на Република...

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега