Да бидеме хумани- преку забава да им помогнеме на малите Јована, Марко и Нина

Оваа недела Скопје ќе биде сплотено во хуманоста. Целта е да им помогнеме на Јована, Нина и Марко, а тоа сега може да го направиме и преку забава.

 

Хуманитарниот настан со наслов „Хумано Скопје“ за прв пат ќе се одржи на ниво на цел град. Повикот за помош на три дечиња е она што треба да не собере во недела во дискотеката XO на скопскиот плоштад.

 

Зад организацијата на овој настан стојат хуманите момци од населба Капиштец кои и досега организираа настани од овој вид.

-Овој настан е предвиден да премине во традиција која секоја година би се залагала да добие поголем карактер и да биде пример и слика на хуманите генерации за поттик на моралната свест кај луѓето на кои им е потребна помош. За настанот постои интерес и е поддржан од институциите како и хуманитарните организации кои се секогаш подготвени да излезат на вакви настани. Артистите веќе се договорени, велат организаторите.

Влезниците за концертот чинат 200 денари.

 

Во меѓувреме за овие дечиња на кои им е потребна наша помош, можете да донирате на овој начин:

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега