Град Скопје го почнува новиот циклус посети на општините

Со средба со претставници на урбаните заедници од општина Кисела Вода денеска започна новиот 12. циклус на посети на општините што ги реализира Град Скопје.

На средбата присуствуваа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.

- И оваа година циклусот посети на скопските општини го почнуваме од општината Кисела Вода. Ова е одлична можност да се сретнеме со претставниците на урбаните и на месните заедници и да ги слушнеме мислењата на граѓаните за проектите на Градот Скопје и нивните потреби од областа на урбаното живеење. Ќе разговараме за прашања од областа на сообраќајот, за новите сообраќајни решенија што минуваат низ општината Кисела Вода, за јавната хигиена и одржувањето на зеленилото, за подобрувањето на услугата на јавните претпријатија и за многу други прашања, изјави Трајановски.

Тој се осврна на досега реализираните проекти на територијата на Кисела Вода, а како најважен проект којшто треба да започне од годинава е продолжувањето на реконструкцијата и проширувањето на улицата „Борис Трајковски". Годинава треба да започне реализација на третата фаза од овој проект, покрај фабриката „Охис“ на потег во должина од околу два километра.

Беличанец – Алексиќ изрази задоволство од ваквите средби, нагласувајќи дека тие резултираат со голем број реализирани проекти, како и со значително зголемување на квалитетот на услуги што ги нудат Градот Скопје и јавните претпријатија.

На средбата се разговараше за состојбите на терен во општината и меѓусебната соработка.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега