100.000 долари за оној кој ќе направи пиратска копија од Виндоус 8.1

Мајкрософт понуди награда во износ од 100 000 долари за оние што ќе успејат да направат пиратска копија од најновата верзија на оперативниот систем Виндоус.

-За прв пат Мајкрософт нуди парична награда за оние што ќе пријават конкретни слабости на новиот оперативен систем и начин како тие може да се искористат за злоупотреба на тој софтвер, објави Мајкрософт на својот блог.

Конкурсот ќе започне на 26 јули. 

Постојат три категории на награди: до 100 000 долари за „вистински оригинална техника“ на целосно копирање на Виндоус 8.1, второто признание до 50 000 долари следат за метод на заштита од пиратерија и конечно 11 000 долари се наменети за оние што во рок од еден месец ќе откријат ранливост во Интернет експлорер пребарувачот за Виндоус 8.1.

најчитано сега