Пешак тешко повреден на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, четворица сопатници и двајца пешаци.

Случена е и една незгода со тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 40 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, од нив 18 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 28 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега