Со вереницата се изгубиле на Водно: Полициските Тигри во акција

Вистинска драма се одвивала синоќа на Водно. Во 19 часот на телефонскиот број 199 се јавило лице од Скопје кое кажало дека додека со неговата вереница шетале на падините на Водно во еден момент забележале дека ја виделе браната Матка, а потоа се изгубиле. Веднаш на терен бил испратен алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи  кои извршиле пребарување на теренот од потегот Милениумски крст-Водно кон локалитетот Матка. Откако од страна припадниците на Единицата “Тигри” било стапено во телефонски контакт со лицето, истиот ја опишал и неговата околина по што со давање на светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт. Напорите за пронаоѓање на лицата беа успешни при што истите беа лоцирани околу 01 часот и 15 минути во добра општа состојба во близина на манастирот Св. Никола Шишевски. Откако беа пронајдени лицата истите безбедно беа спуштени до пешачката патека до мостот на кајакарскиот дом “Матка” од каде со возило беа префрлени до нивните домови.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега