Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Одбележување на значењето на културното наследство, на интересот за културната разноликост на наследството и опасностите на кои тоа е изложено за да се заштити и конзервира е целта на чествувањето на 18 Април - Меѓународниот ден на културното наследство.

Годинава прославата е во знакот на одбележување на 50 години од формирањето на ICOMOS (1965-2015). По тој повод Програмскиот колегиум и Извршниот одбор на Националниот Комитет – ИКОМОС Македонија одлучи 2015 да се прогласи за година на ИКОМОС во Република Македонија и сите активности на комитетот во 2015 година да ги посвети на овој јубилеј.

- Националниот комитет ќе продолжи уште поактивно да делува во заштита на културното наследство, како на национално, така и на регионално и на меѓународно ниво, велат од ИКОМОС Македонија.

На Вториот конгрес на архитектите и специјалистите за историски градби одржан во Венеција во 1964 година, усвоени се 13 резолуции познати како „Венецијанска повелба„ и препратени до УНЕСКО со препорака за формирање на ИКОМОС – Меѓународен совет за споменици и локалитети.

Од 21-25 јуни 1965 година одржана е Првата конститутивна седница седница на ИКОМОС во Варшава, Полска на која учествуваа претставници од 26 земји и претставници на тритте главни институции кои придонесоа кон формирањето на ИКОМОС - ИККРОМ, ИКОМ и Унијата на архитектите. 

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега