Три лица кривично ќе одговараат зa физички напад врз советникот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи постапувајќи по добиена пријава од страна на Ј.Р.(25) од Скопје превзеде мерки и активности, при што против Д.Д.(34), В.С.(41) и А.К.(37) сите од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “противправно лишување од слобода.

Исто така против трите лицата се поднесени и прекршочни пријави за физични напад од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир.

Имено на 15.04.2015 година околу 2 часот по полноќ на крстосница од ул. “Народен Фронт” и ул. “Франклин Рузвелт”  од страна на осомничените биле физички нападнати пет лица на возраст од 19 до 25 години при што истите се здобиле со повреди во пределот на главата и телото.

Откако четири од оштетените лица успеале да избегаат осомничените го фатиле оштетениот и го внеле во патничко моторно возило “Форд” со скопски регистарски ознаки каде истиот повторно бил малтретиран и возен определен период, за потоа осомничените да го остават на ул.”Елисије Поповски Марко”.

Од страна на оштетениот настанот беше пријавен во ПС Центар.

Како што веќе објавија медиумите, станува збор за советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Јордан Ристески.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега