Почна пријавувањето за Прв до врв 2015

Започна пријавувањето на учесниците за трката Прв до врв што треба да се одржи на Водно на 24 мај. Организаторите соопштија дека традиционалната трка за најбрзо искачување на Водно и оваа година ќе се реализира во категориите планинско трчање, друмски велосипедизам и планински велосипедизам, секоја во машка и женска конкуренција.

Пријавувањето започна со промотивен викенд и по симболична цена на котизација за оние што ќе го искористат раното пријавување. Пријавувањето се одвива по електронски пат преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Организаторот очекува оваа година да биде надмината бројката од три илјади пријавени учесници од ланското издание на настанот.

До одржувањето на годинашната трка Прв до врв, продолжуваат редовните активности за заедничко спортување и рекреирање на заедницата обединета околу овој проект.

За денеска е предвидено искачување до врвот на Водно, овојпат посветено на Денот на планетата Земја. На денешното искачување ќе се приклучат и атлетите на Специјална Олимпијада Македонија, кои со помош на сите учесници ќе тргнат до врвот на Водно и воедно ќе имаат кондициски подготовки за Олимпијадата ова лето во САД.

Настанот е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв. 

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа